Неверојатниот финиш на натпреварот Оклахома сити Тандер-Њу Орлеанс Пеликанс, ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата.
Пресметката на двете последнопласирани екипи во Западната конференција беше решена во последните пет секунди.
Шај Гилџус-Александер, на 1,4 секунди до крајот на мечот, од 10 метри погоди тројка од тешка позиција и го израмни резултатот на 110:110.
И кога сите очекуваа продолженија на сцена стапи играчот на Пеликанс, Девонте Грем. Тој погоди преку целиот терен, постигна тројка од далечина од 18 метри и ги постави конечните 113:110.
Во последните 25 години не е постигнат кош од поголема далечина во НБА лигата. Исто така, прв пат во историјата на лигата, се постигнати тројки од повеќе од девет метри, во последните пет секунди.