Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, побарал Премиер лигата да ги одложи сите натпревари кои на програмата се во сабота и во недела.
За „Скај спорт“, Франк, рекол дека тоа е најдоброто решение, со кое ќе се прекине кризата предизвикана од коронавирусот.
Франк рекол дека бил во комуникација со други менаџери кои ја поддржале неговата идеја.
„Има многу заразени со коронавирусот. Сите клубови се соочуваат со овој проблем. Одложувањето на колото и на дуелите во Карабао купот ќе овозможи целата ситуација да се смиири“, рекол Франк.
Нереално е Премиер лигата да го профати овој предлог на менаџерот на Брентфорд.
Дебитантот во Премиер лигата, во сабота, ќе гостува во Саутемптон.