Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола вчера присуствуваше на прошталната прес конференција на Серхио Агуеро. Аргентинецот поради здравствени проблеми мораше да ја заврши кариерата.
Агуеро е легенда на Сити, најдобра стрелец во историјата на клубот и стрелец на голот во 94.минута, со кој „граѓаните“ ја освоија шампионската титула.
„Марадона ја освои титулата во Италија, Меси во Шпанија, Агуеро во Англија. Броиките зборуваат за неговата кариера. Она што беше Марадона во Италија, Меси во Шпанија, тоа беше Кун во Англија. Беше клучниот играч во освојувањето на четири титули, во изминатата деценија“, рекол Гвардиола.
Агуеро за Сити одигра 360 натпревари, постигна 260 голови.