Top Sport

Наполи за малку пари го продадоа Манолас на Олимпијакос

Дефанзивецот на Наполи, Костас Манолас го комплетираше трансферот во Олимпијакос за 2.5 милиони евра плус бонуси, откако вчера беше казнет од италијанската полиција за тоа што носел повеќе од 20.000 евра при враќањето во Грција.

Централниот бек замина во Грција поради „лични причини“, но грчките медиуми утрово објавија дека тој ги поминал медицинските тестови со Олимпијакос.

Наполи ќе заштеди 400.000 евра, откако Манолас се откажал од една плата, а во Грција ќе заработува двојно помалку од сумата која ја добиваше во Италија. 30-годишниот Манолас, кој играше за Олимпијакос од 2012 до 2014, пристигна во Наполи од Рома за 36 милиони евра.

Scroll to Top