Бруклин Нетс го добија дербито со Филаделефија ’76 во НБА лигата. Нетс, предвоени од Кевин Дурент славеа со 114:105.
Бруклин во првото полувреме стекнаа предност од 20 поени, гостите успеаја, во третиот период да се доближат на негатива од два поени, а во решавачката четвртина израмнија, но немаа сили за целосен пресврт.
Со серија 11:2, во која се истакна Дурент, Нетс го решија прашањето околу победникот.
Дурент со 34 поени, 11 скока и осум асистенции го предводеше Бруклин до 21.победа во сезоната.
На спротивната страна поразот не можеа да го спречат Џоел Ембид (32 поени, девет скока, шест асистенции) и Сет Кари (29 поени).
Филаделфија има скор од 15 победи и исто толку порази.