Единсон Кавани ќе го напушти Манчестер јунајтед. Уругваецот, не се наоѓа во плановите на менаџерот Ралф Рангник. Желбата на искусниот напаѓач е кариерата да ја продолжи во Барселона.
„ТНТ спорт Аргетнтина“, тврди дека Кавани е подготвен спогодбено да го раскине договорот со Манчестер јунајтед, за да може да ја засили Барселона како слободен играч.
„Ел Матадор“, според овој извор бил подготвен да игра за Барселона за минимална плата, која е дозволена според шпанските закони.
Кавани, во февруари ќе наполни 35 години, но во Барселона веруваат дека неговото искуство е неопходно за младиот тим со кој располага тренерот Чави.