Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека неговите први ривали Ферари ја платија цената за брзите подобрувања на својот болид и дека стигнале до лимитот на тоа што е можно да се направи со болидот.
Себастијан Фетел во поголем дел од сезоната имаше најбрз болид, но неговото Ферари имаше проблеми со постојаноста, и од три поени заостанување зад Луис Хамилтон, три трки подоцна, разликата е огромни и речиси недостижни 59 поени.
„Во овој спорт нема милост. Тука треба да го имате најбрзиот болид, најбрзиот возач и најсолидни перформанси од болидот. И ние сме тука со тоа. Имавме тешки моменти, но кога ги поместувате границите, на крајот постои и лимит. Развојот на Ферари од 2016 и 2017 беше исклучителен и сега дојдовме до таква фаза. Знам како е да загубиш многу поени во само три трки. Имавме среќа, но тоа не значи дека сме го заслужиле тоа. Затоа мораме да работиме“, вели Волф.