Top Sport

Кирјос: Сакам да ме знаат по убави работи

Ник Кирјос мисли дека нашол целта во својот живот со помагање на сиромашни деца, и планира да направи центар за нив во својот роден град Мелбурн. 22-годишниот Кирјос вели дека разговорот со едно дете кое страда од рак на Австралискиот опен во јануари му ги „отворило очите“.

„Мислам дека ја пронајдов мојата причина за постоење во последните неколку месеци. Градам нешто и ќе биде многу добро“, изјави Кирјос.

Австралиецот повеќе беше познат по неговиот темперамент отколку по успесите на тениските терени. Лани тој доби казна од АТП поради намерно губење на гем при поразот од Миша Зверев на Мастерсот во Шангај, но сега вели дека ситуацијата е сменета.

„Тенисот носи убав живот – добро си платен и патуваш низ светот, но можеш да се чувствуваш празно ако го правиш ова само за парите. Јас сакам деца и добивам повеќе среќа од работа со нив отколку од моите победи. Ако мојата визија се оствари, ќе бидам запаметен за повеќе од тоа што сум го направил на тенискиот терен“, додава Кирјос.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top