Тренерот на Рома, Жозе Мурињо признава дека се восхитува на завршената работа на Џанпјеро Гасперини со тимот на Аталанта пред утрешниот меч, посочувајќи дека и тој сака да работи на долгогодишен проект како италијанскиот тренер.
„Има фундаментална разлика помеѓу мене и Гасперини – тој е во Аталанта шест години, јас сум во Рома шест месеци. Тоа не значи само многу тренинг сесии, но и 12 преодни рокови. Аталанта се фантастичен клуб, неверојатно стабилен. Ги познавав како тим од средината на табелата, но сега се редовно во Лигата на шампионите и кандидати за скудетото. Јас поминав многу години во клубови со целосно поинаков менталитет, за резултати сега, а не градење на тим за утре. Сега тоа е сменето“, вели Мурињо.