Top Sport

Французинките во финишот ги уништија Данките за финале на СП

Франција е првиот финалист на Светското првенство во ракомет во Шпанија, откако во драматична завршница стигнаа до 23:22 (10:12) победа над Данска и сега ќе се борат за своја трета светска титула.

Данките водеа од стартот на мечот до 57. минута, за во интересен финиш Французинките да направат пресврти да се пласираат во финалето, каде што ќе ги чека подобриот од дуелот меѓу домаќините Шпанија и Норвешка.

Фопа имаше четири гола за Франција, додека Нзе Минко, Пино и Ноканди дадоа по три гола, додека за Данките не помогнаа петте гола на Хаугстед.

Scroll to Top