Андриј Шевченко не успеа да ја врати самодовербата во најстариот италијански фудбалски клуб Џенова, откако популарните Грифоне, со Горан Пандев како стартер против неговиот поранешен клуб, загубија со 3:1 од Лацио на „Олимпико“ во меч од 18. коло во Серија А.
Педро во 36. минута го „скрши“ отпорот на Џенова за 1:0 водство, а во второто полувреме капитенот Франческо Ачерби во 75. минута и Матија Ѕакањи во 81. минута ја осигураа победата на тимот на Маурицио Сари. Филипо Мелегони во 85. минута успеа да намали на 3:1.
Џенова останува претпоследна во Серија А со само 10 освоени поени, два помалку од Специја, додека Лацио сега се осми со 28 поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore