Навивачите на Салернитана организираа протест против сопственикот Клаудио Лотито, барајќи клубот да биде „ослободен“, по ризикот да бидат исфрлени од Серија А поради тоа што уште нема купувач за нив.
Салернитана, на дното на табелата во Серија А, го пречека шампионот Интер по хаотичната недела за клубот, кој технички уште е во сопственост на Лотито, инаку газда и на Лацио. Правилата на Серија А велат дека еден газда не може да поседува два тимови, така што Лотито знаеше дека мора да ја продаде Салернитана по влегувањето во Серија А во мај, но сите крајни рокови беа пробиени, и Италијанската федерација (ФИГЦ) се закани со исфрлање од лигата на 31 декември.
Лега Серија А веќе изгласа да се дозволи Салернитана да ја заврши сезоната, но тоа не значи дека федерацијата ќе го следи примерот. Ако бидат исклучени од лигата, тие нема да играат во Серија Б, туку ќе се вратат во аматерските лиги.
На стадионот „Ареки“ имаше повеќе банери против Лотито, кој никогаш не бил популарен во Салерно. „Аматери, полупрофесионалци или маалски терен, ние сме со Салернитана засекогаш“, пишуваше на еден банер. „Ослободете ја Салернитана“, стоеше на друг, а ултрасите на Интер се приклучија на протестот и добија аплаузи од домашната публика.
“Gravina mantieni la promessa … dilettanti, promozione o nei campi di periferia, la salernitana per noi non ha categoria”
La curva amaranto della #Salernitana prima di #SalernitanaInter #Lotito pic.twitter.com/nOWAxIBZ6P
— franco vanni (@franvanni) December 17, 2021