Top Sport

Норвежанките со слатка одмазда над Шпанија за ново финале

Норвешка ќе се судри со Франција во финалето на Светското првенство во ракомет, во обид да стигнат до четвртата титула, откако ја „скршија“ Шпанија во второто полувреме за 27:21 (11:11) победа и слатка одмазда за елиминацијата во полуфиналето пред две години во Јапонија.

Откако во првото полувреме резултатот беше израмнет, Норвежанките ја почнаа својата препознатлива игра во второто, за убедлива победа над домаќините на шампионатот.

Нора Морк повторно беше најдобра за Норвешка со 8 гола, додека Кари Дале имаше 7 гола, а за Шпанките, Барбоса беше најефикасна со пет гола. Шпанија ја очекува борба за бронзата со Данска, која претходно во драматична завршница загуби од Французинките.

Scroll to Top