Кајри Ирвинг, ѕвездата на Бруклин Нетс, сепак ќе игра кошарка оваа сезона. Ирвинг одбива да се вакцинира, поради што Бруклин го отстранија од тимот.
Правилата во Њујорк велат дека спортистите кои не се вакцинирани, не можат да играат натпревари во градот. Поради овие правила, Бруклин мораа да го избришат од тимот.
„Атлетик“, пишува дека Иривинг нема да ја пропушти целата сезона. Според овој извор тој наскоро ќе се врати на кошаркарските терени. Нетс, веќе започнале со подготовките за неговото враќање.
Иривинг и кога ќе се врати во тимот, нема да може да ги игра натпреварите на домашен терен, туку ќе биде во тимот само за гостинските натпревари.