Ентони Дејвис, покрај Леброн Џејмс, клучниот играч на ЛА Лејкерс, се соочува со подолга пауза. Крилниот центар ја обнови повредата на коленото, на натпреварот во Минеаполис, против Минесота Тимбервулвс.
Ентони, два пати го напушташе теренот во Минеаполис. Првиот пат се пожали на повреда, на скочниот зглоб, но се врати во игра. Вториот пат Мекдениелс падна врз неговото колено.
Кошаркарот, во третиот период, со помош на медицинските лица замина во соблекувалната.
На Ентони му престои преглед со магнетна резонанца, кој треба да го одреди степенот на повредата.
Anthony Davis struggled to get to the locker room after an apparent knee injury in the third quarter. pic.twitter.com/MOBSzzrYYJ
— SportsCenter (@SportsCenter) December 18, 2021