Пјер-Емерик Обамејанг ги живе најтешките моменти во Арсенал. Менаџерот Микел Артета, го отстрани од тимот и му ја одзеде капитенската лента, бидејќи ја прекршил клупската дисциплина.
Артета решил да реагира откако на социјалните мрежи Обамејанг објавил видео од едно тату-студио. Ова немаше да биде проблем доколку Обамејанг побарал дозвола од клубот да ја посети болната мајка во Франција.
Англиските медоими тврдат дека Обамејанг се подготвувал да го напушти Арсенал.
Тој не тренира со првиот тим, ја одржува формата пред Купот на Африка, а кога ќе му завршат обврските со репрезентацијата тој не планирал да се враќа во Лондон.
Габонецот се поврзуваше со Барселона и Јувентус, меѓутоа овие два клуба немаат пари за да одговорат на неговите финансиски барања. Со неделна плата од 400.000 фунти, Обамејанг е еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.
Од оваа перспектива само Њукасл може да му ги понудат истите услови. Прашање е само дали Обамејанг ќе сака да игра во тим кој се бори за опстанок.