Усман Дембеле, со последниот гест, може да ја забрза одлуката на Барселона, да биде продаден во друг клуб во зимскиот преоден рок.
Намерата на Дембеле и неговиот менаџер е да го напушти клубот како слободен играч, по завршувањето на сезоната. Доколку се случи тоа и тој и менаџерот ќе можат да си земат дополнителни бонуси од новиот клуб.
Чави, неколку пати истакнал дека смета на Дембеле и дека тој треба да биде важен играч во неговата фудбалска филозофија.
Последното неодговорно однесување, со кое ги налутил и челниците на Барса и соиграчите, може само да ја забрза одлуката на клубот, Дембеле да биде продаден во јануарскиот преоден рок.
Усман Дембеле е единствениот играч на Барселона, кој во средата, не присуствувал на прошталната прес конференција, на Серхио Агуеро.