Top Sport

Рубљов го освои ревијалниот турнир во Абу Даби

Рускиот тенисер, Андреј Рубљов, победи на ревијалниот турнир во Абу Даби. Рубљов за 96 минути, во финалето го победи Енди Мареј со 6/4, 7/6.

Рубљов можеше и полесно да дојде до победата, откако го освои првиот сет, имаше брејк предност во вториот,но му дозволи на Мареј да се врати со брејк во осмиот гем.

Во тај-брејкот, Рубљов експресно направи 4:0 и на крајот го освои трофејот.

Овој турнир се одржува од 2009 година, прв победник беше Мареј. Најмногу трофеи, вкупно пет, освоил Рафа Надал, кој претходно го загуби мечот за третото место од денис Шаповалов.

Scroll to Top