Барселона стави крај на серијата лоши резултати. Каталонците со многу проблеми го победија Елче со 3:2. Со овој триумф Барселона дојде до 27 бода во Примера и се искачи на седмата позиција на табелата.
Барселона, експресно стекна предност од два гола. Феран и Гави ги постигнаа дебитантските голови во сениорска конкуренција. Феран погоди во 16., а Гави со соло-акција зголеми на 2:0 во 19.минута.
Барселона лесно дојде до предноста, но уште полесно остана без неа. Во интервал од 60 секунди, Тете Моренте и Пере Миља го шокираа „Ноу Камп“.
На крајот Барса сепак успеа да победи. Акцијата на Дембеле и Гави со гол ја заврши Нико Гонзалес.