Top Sport

Два гола на Мартинели – Арсенал лесно го победи десеткуваниот Лидс

Арсенал, убедливо славеше во Лидс (4:1), во единствениот меч кој беше на програмата саботата во Премиер лигата.

„Тобџиите“ чесно се справија до десеткуваниот Лидс. Мартинели ги постигна првите два гола во 16. и 28.минута.

Првиот гол на Мартинели е вкупно 7.000 за Арсенал, во најсилниот ранг на англискиот фудбал. Арсенал се третиот тим од 1888 година кој ја минал бројката од 7.000 голови.

На оваа листа први се Евертон (7.139), втори Ливерпул (7.069).

Сака, во финишот на првиот дел зголеми на 3:0.

Почесниот гол за Лидс го постигна Рафиња од пенал во 75.минута, а точка на натпреварот стави Смит-Роу во 84.минута. За младиот напаѓач на Арсенал ова беше седмиот гол во сезоната.

Арсенал сега се наоѓаат на четвртото место со 32 бода, Лидс се на 16.место со исто толку бодови.

Scroll to Top