Фернадо Алонсо, возачот на Алпин, се јави со коментар за титулата која пред седум дена ја освои Макс Ферстапен.
Шпанецот смета дека Холанѓанецот имал среќа.
„Чиста среќа. Да не излезеше безбедносното возило Луис ќе беше светски првак. Знаи тоа што се случи е чиста среќа. Кога би можел да се подели трофејот, па да по еден дел да добијат двајцата. Секако дека му е жал за Луис, возеше на едно повисоко ниво, особено во вториот дел од сезоната. Мерцедес имаше побрз болид, да, но Валтери Ботас не беше втор. Значи кога поради безбедносното возило ќе останете без титулата сигурно треба да жалите“, рекол Алонсо.
Шпанецот, кој има две титули во кариерата, имаше одлична сезона со Алпин. Успеа да го освои третото место во Катар, додека неговиот колега Естебан Окон победи во Унгарија.