Top Sport

Агуеро добил четири понуди за работа

Серхио Кун Агуеро, во средата, поради здравствени проблеми ја заврши кариерата. најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, добил четири понуди за работа.

Поранешниот клуб на Агуеро, Манчестер сити, му понудил да биде амбасадор на клубот. Добил понуда и да работи како стручен коментатор за засега неименувана телевизиска станица.

Останатите две понуди се од Аргентина. Селекторот Лионел Скалони го повикал да му помошник, а Фудбалскиот сојуз на Аргентина му понудил да преземе една од младинските селекции на националниот тим.

Scroll to Top