Top Sport

Трипие се враќа во Премиер лигата – Ќе го засили Њукасл

Њукасл јунјтед го договориле првото засилување во зимскиот преоден рок. Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид се согласиле да го испрата Киран Трипие на „Сент Џејсм парк“.

Трипие, пред две и пол години од Тотенхем пристигна во Мадрид за 22 милиони евра. Англискиот репрезентативец имаше голем придонес во освојувањето на шампионската титула, минатата сезона.

Во летниот преоден рок тој се поврзуваше со Манчестер јунајтед, меѓутоа „црвените ѓаволи“ не сакаа да платат за него 40 милиони евра.

Атлетико сега биле подготвени да прифатат сума помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Трипие, сезонава, не игра во препознатливата форма, најмногу поради честите повреди.

Покрај Трипие, Њукасл ќе се обидат да ја засилат и левата бековска позиција со Лукас Дињ.

Scroll to Top