Top Sport

Барса влегува во реализација на проект вреден 1.500.000.000 евра

Барселона, по пат на референдум, го одбри новиот финансиски план, вклучувајќи и дополнителни 1.500.000.000 евра, со кои ќе бидат реконструирани стадионот „Ноу Камп“ и уште неколку објекти.

На референдумот излегле 44 отсто од членовите на клубот. Новиот финансиски план бил одобрен со 87,8 отсто. За реализација на овој проект, Барселона, ќе подигне кредит од „Голдман саш“. Кредитот ќе биде со грејс период од пет години и рок на отплата од 35 години.

„Голдман саш“, во август, на Барселона и позајми 595.000.000 евра за да го реконструира долгот.
Проектот за реконструкција е наречен „Еспаи Барцелона“ и датира од 2014 година. Со реновирањето, капацитетот на „Ноу Камп“ ќе биде зголемен на 105.000 места за седење. Работите би требало да започнат наредната година, а би завршиле во 2025 годинс.

Во процес на реконструкција ќе влезе и арената „Палау Блауграна“, работите би требало да завршат во 2026 година.

Планот предвидува и изградба канцеларии и хотел. Овој проект е наречен „Кампус Барса“ и треба да биде завршен до 2027 година.

Претседателот на клубот, Џоан Лапорта, рекол дека со реконструираниот стадион, приходите на клубот ќе пораснат за 200.000.000 евра на годишно ниво.

Scroll to Top