Поранешниот фудбалски судија, Марк Клатенбург, жестоко го критикувал колегата Пол Тирни, за арбитражата во дербито Тотенхем-Ливерпул (2:2). Од критики, Клатенбург не го поштеди ниту главниот во ВАР собата, Крис Кавано.
Три моменти, го обележаа дербито во Лондон. Прекршокот на Хари Кејн врз Енди Робертсон, стартот на Емерсон врз Диого Жота пред голот на Иго Љорис и прекршокот поради кој Робертсон доби црвен картон.
„Ако стартот на Кејн врз Робертсон не е за црвен картон, тогаш повеќе не сум сигурен што е црвен на што не. Ногата на Кејн е високо крената, се гледа дека доцни со реакцијата. Со скокот Робертсон избегна повреда, а Кејн доби само жолт картон. Крис Кавано во ВАР собата одлучи дека стартот е во ред и направи голема грешка. Јас на Кејн ќе му покажев црвен картон“, рекол Клатенбург и дополнил.
„Двата тима играа жестоко, со многу силни контактни. Робертсон фаулот врз Емерсон го направи од бес. Заслужи црвен картон, но многу полошо беше она што го направи Кејн во првиот дел. Нема доследност во судењето. Како тоа од ВАР собата го повикаа Тирни да го гледа овој старт, а не го повикаа да го гледа стартот од 20.минута?“.
Според Клатенбург, Тирни пропуштил да досуди пенал за Ливерпул во првото полувреме.
„Емересон скокна на Диого Жота, воопшто не го интересираше топката. Покрај тоа требаше да биде казнет и со жолт картон, а тој веќе имаше еден, што значи дека Тотенхем ќе останеше со играч помалку“, заклучил еден од најдобрите англиски судии во последната деценија.