Швјацарецот Марко Одемарт ја продолжи доминацијата во велеслалом, во Светскиот куп. Одемарт поббеди на денешната трка во Алта Бадија. Ова е четврта победа за Швајцарецот оваа сезона. Во велеслалом тој има победи на три од четирите трки кои се возеа од стартот на сезоната.
Одемарт во Алта Бадија, победи пред Лука ди Алипрадини од Италија и Александер Шмит од Германија.
Швајцарецот води во поредокот во велеслалом со 380 бода и во вкупниот поредок во Светскиот куп со 633 бода.