Top Sport

Кристијано донираше дрес за погодените од вулканската ерупција во Ла Палма

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, донираше еден од своите дресови од португалската репрезентација за аукција за донација на средства за погодените од вулканската ерупција на островот Ла Палма.

„Ниту  силата на вулканот не може да ја победи Ла Палма. Цела поддршка за овој прекрасен остров“, напиша Роналдо.

Ла Палма, еден од Канарските Острови, беше погоден од вулканот на Ла Палма, кој уништи над 3.000 објекти на островот.

Роналдо, кој потекнува од островот Мадеира, во близина на Канарските Острови, честопати се вклучува во добротворни акции – тој донираше 900.000 евра на три болници во Португалија на стартот на пандемијата на КОВИД-19, а исто така работи како амбасадор на УИЦЕФ. Во 2011 година тој ја стави на продажба својата „златна копачка“, а во 2013 својата „златна топка“, а средствата одеа за градење на школи во Газа, во Палестина.

Scroll to Top