Шпанските медиуми тврдат дека тренерот на Лацио, Маурицио Сари инсистира клубот да го донесе неговиот поранешен играч, голманот на Челси, Кепа Аризабалага.
Ова доаѓа откако Томас Стракоша стана прв избор на голот на Лацио, а Пепе Реина заврши на клупата, и каталонскиот „Спорт“ тврди дека 27-годишниот Кепа е вистинскиот избор на Сари, иако во минатото имаше контроверзен судир со голманот.
Челси го направија Кепа најскапиот голман на светот, плаќајќи 80 милиони евра за трансферот од Атлетик Билбао во 2018 година, но тој оваа сезона е втор голман во тимот зад Едуар Менди.
Сари и Кепа имаа славно несогласување во финалето на Карабао купот во 2019 година, кога Кепа одби да биде заменет во продолжението.
Сари призна: Кепа беше во право, но не смее да се однесува така (видео)