Top Sport

Страшната последица од 236 удари – боксерката изгледа непрепознатливо

Боксерските фанови уште еднаш беа потсетени на бруталноста на нивниот спорт, откако светската шампионка Аманда Серано сподели селфи со својата противничка Миријам Гутиерез по нивниот саботен  меч, во кој Гутиерез изгледа непрепознатливо откако доби дури 236 удари во мечот.

Во пред-меч на шоуто Џејк Пол-Тајрон Вудли, Серано стигна до победа над поени во меч кој не беше за титулата и кој беше нејзино деби во лесната категорија. Порториканката Серано, која е ВБЦ, ВБО и ИБО шампионка во перо категорија, сподели фотографија по мечот.

„Сакам да се заблагодарам на мојата партнерка Миријам Гутиерез, таа дојде во рингот да се бори“, вели Серано.

Шпанката Гутиерез доби дури 236 удари во текот на мечот, според „ЕСПН“, и можеби не е толку чудно што изгледа вака.

Scroll to Top