Шампионот во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, ги прифатил условите и ќе се бори против Британецот, Ентони Џошуа. Борбата ќе се одржи до крајот на годината, а веќе се најавува како најважниот меч во последните две децении.
Вајлдер е шампион во верзијата ВБЦ, а Џошуа ги има шампионските појаси во верзиите: ВБА, ВБО, ИБО, ИБФ, што значи дека победникот ќе ги обедини сите титули во тешка категорија.
Последен пат, борба за обединување на сите титули во тешка категорија се одржала во 200 година, кога Ленокс Луис го победи Ивандер Холифилд.
Еден од манџерите на Вајлдер, Шели Финкел, потврдил дека борбата ќе се одржи во Велика Британија и дека биле прифатени сите услови што ги предложил промоторот на Џошува, Еди Херн.
Вајлдер, на социјалните мрежи, исто така потврдил дека ги прифатил условите што ги понудил тимот на Џошуа, со напомена дека и понатаму важи понудата, тој и Џошуа да имаат дуел во САД, од кој Британецот би инкасирал 50 милиони долари.
28-годишниот Џошуа во кариерата има 20 победи со нокаут и една на поени. Тој се уште не е поразе во професионалната кариера.
Вајлдер, исто така е непоразен, тој 39 пати ги нокаутирал своите противници, а еден меч добил на поени.