Top Sport

Познати се групите за ЕП за ракометарки

Извлечени се групите за Европското првенство во ракомет, во женска конкуренција, што кон крајот на годината ќе се одржи во Франција.

Макеоднската репрезентација нема да биде учесник и на ова континентално првенство. Последен пат македонските ракометарки беа дел од европско првенство во 2012 година, кога домаќин беше Србија, а потоа не се квалификуваа за ЕП во 2014 (Хватска и Унгарија), ЕП во 2016 (Шведска) и ЕП во 2018 (Франција).

Пласман на првенството во Франција изборија 16 селекции кои се поделени во четири групи:
А група: Данска, Србија, Шведска, Полска
Б група: Франција, Црна Гора, Русија, Словенија
Ц група: Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрватска
Д група: Норвешка, Романија, Германија, Чешка

Европското првенство во Франција ќе се одржува од 29.ноември до 16.декември 2018 година.

Scroll to Top