Top Sport

Билиќ се договорил со Фенербахче

Поранешниот хрватски селектор, Славен Билиќ, ќе биде новиот тренер на Фенербахче, тврди „Фанатик“. Фенербахче, пред два дена му врачи отказ на тренерот Витор Переира. Според овој извор, Билиќ е подоготвен да го напушти Пекинг Гуан.

„Фанатик“, пишува дека двете страни ги договориле условите, тренерот ќе работи за плата од 2,9 милиони евра. Билиќ на 3.јануари ќе го одработи последниот натпревар во Кина, потоа ќе пристигне во Турција. На клупата на Фенербахче ќе дебитира на 10.јануари против Адана.

Билиќ по шест години се враќа во Турција. Хрватскиот тренер, во периодот 2013-2015 го предводеше Бешикташ.

Фенербахче имаат лоша сезона во Супер лигата на Турција. По 18.кола Фенер се наоѓаат на шестото место на табелата, со 17 бода помалку од лидерот Трабзон.

Scroll to Top