Top Sport

Жорж Жесус се враќа во Фламенго

Жорж Жесус се враќа во Фламенго. Португалскиот тренер не е омилен меѓу играчите и навивачите на Бенфика, поради што сака да се врати во Бразил, каде имаше две неверојатни сезони.

Жесус замина од Фламенго со триплета, ги освои првенството и Купот на Бразил и Копа Либертадорес.

Летото во 2020 година тој реши да се врати во Бенфика.

Во првата сезона не успеа да ја освои титулата, која се пресели кај градскиот ривал Спортинг.

Оваа сезона Бенфика се трети во португалскиот шампионат, со четири бода помалку од Порто и Спортинг, а Жесус со тимот избори пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

67-годишнокот е познат како тренер кој владее со „железна рака“. Таквиот однос не им се допаѓа на фудбалерите, кои неколку пати се заканија со штрајк доколку тренерот не си замине.

Жесус не е омилен и кај навивачите. На 3.декември, пред почетокот на дербито неговото влегување на теренот целиот стадион го испрати со свирежи.

Медиумите тврдат дека Жесус се договорил со Фламенго, ќе добие поголема плата од онаа што ја имаше во првиот мандат. Останува само Бенфика да најде нов тренер.

Scroll to Top