Top Sport

Менди е обвинет за уште едно силување

Фудбалерот на Манчестер сити, Бенжаман Менди е обвинет за уште едно силување. Менди, се појави пред судот во Честер, тој е обвинет за седум силувања и еден сексуален напад, објави Би-би-си.

На почетокот на судењето, уште една жена поднела жалба за силување. Делото се случило во јули оваа година. Претходните обвиненија се однесуваат на периодот помеѓу октомври 2020 и август 2021 година.

Менди се наоѓа во притвор од август оваа година. В октомври, судот во Честер, по трет пат го одби неговото барање да се брани од слобода.

Веднаш откако беше обвинет, Манчестер сити го суспендираше 27-годишниот фудбалер.

Бенжаман Менди е играч на Манчестер сити од 2017 година. Со „граѓаните“ три пати бил шампион на Англија, беше дел од француската репрезентација која стана светски првак во 2018 година.

Scroll to Top