УЕФА уште еднаш го казни Динамо Загреб, за инцидентите што ги предизвикаа неговите навивачи. За употребата на пиротехнички сретства и фрлањето разни предмети на теренот, на натпреварот со Рапид Виена, вкупната казна изнесува 82.750 евра.
Казната за употребата на пиротехника е 49.750 евра, а за фрлањето предмети на теренот 33.000 евра.
Динамо успеа да ја мине групата во Лига Европа, избори место во 1/16 финалето. Во оваа фаза противник ќе му биде Севилја.
За разните инциденти што ги предизвикаа неговите навивачи, на натпреварие во групата, Динамо плати казни во износ од 116.750 евра.