Top Sport

Барса и Сити го договориле трансферот на Торес?

Барселона и Манчестер сити постигнале договор околу трансферот на Феран Торес. Барселона парите за трансферот на шпанскиот репрезентативец, ќе се обиде да ги обезбеди преку продабата на фудбалерите на кои не смета тренерот Чави.

Феран Торес, оваа сезона речиси и да не добива шанса кај Пеп Гвардиола. Малку играше во првите два месеци, потоа се повреди на завршниот турнир во Лигата на нации, што придонесе Гвардиола да го избрише од плановите.

Трансферот се најавува неколку недели, но клубовите не може да се договорат околу обесштетувањето. Според медиумите Сити барале 75.000.000 евра, додека највисоката понуда на Барселона изнесувала 40.000.000 евра.

Медиумите во Шпанија и Англија тврдат дека клубовите се договориле Торес за 45.000.000 евра да го облече дресот на Барселона. Сити ќе заработат од продажбата на Торес, за неговиот трансфер од Валенсија во 2020 година тие издвоија 28.000.000 евра.

Scroll to Top