Лион и Мец одиграа 1:1 во 19.коло, во Лига 1. По завршувањето на натпреварот, тренерот на Мец, незадоволен од судењето, со својата изјават предизвика „земјотрес“ во фудбалскиот свет.
„Ова е срамно, ужасно. Фудбалот е местенка. Ја загуби својата убавина, поединци го уништија овој благороден спорт. Срамите се“, рекол Фредерик Антонети.
Француските медиуми пишуваат дека тренерот не бил задоволен од начинот на кој главниот судија ја користел ВАР технологијата.