Фудбалскиот клуб Катанија, од вториот по големина град на островот Сицилија, прогласи банкрот. Клубот доби тројца стечајни управници, кои ќе раководат со клубот во наредниот период.
„Газета дело Спорт“, пишува дека клубот треба да најде 600.000 евра до крајот на оваа недела, доколку сака да остане во Серија Ц.
Доколку се појави купувач, тој ќе мора да обезбеди 2.500.000 евра за клубот да ја заврши сезоната во Серија Ц. Во случај клубот да биде продаден ќе може да го задржи името и грбот.
Катанија, во 2014 година, испадна од Серија А, со долг од 4.000.000 евра. Во меѓувреме долго на клубот изнесува 15.000.000 евра.
Клубот е основан во 1908 година, а под името Катанија се натпреварува од 1946 година.
Слична судбина пред две години доживеа најголемиот клуб од Сицилија, Палермо. Овој клуб згасна и започна од Серија Д да го гради својот пат.