Жозе Мурињо ќе го засили редот за врска. Португалецот побарал од челниците на Рома, да му го донесат Флоријан Грилич. Доколку не успеат со овој трансфер, Мурињо доставил список со уште три имиња.
Грилич е репрезентативец на Австрија и играч на Хофенхајм. Неговиот договор со германскиот тим истекува на крајот сезоната, што значи дека треба да е достапен за малку пари.
Алтернативни решенија се Марк Рока од Баерн Минхен. Шпанецот речиси и да не игра во Баерн, а неодамна одби да се врати во Каталонија. Тука е и Хари Винкс, со кого Мурињо соработуваше во Тотенхем. Последна опција е Ектор Ерера од Атлетико Мадрид. Мексиканецот, ретко добива шанса од тренерот Диего Симеоне.