Top Sport

Барселона доби „попуст“ за Торес – Трансферот ќе го плаќа на рати до 2025 година

Феран Торес ќе биде првото засилување за Барселона во зимскиот преоден рок. Трансферот го потврди менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Барселона за крилниот напаѓач ќе издвои 55.000.000 евра.

Трансферот на Торес во Барселона го поставува и прашањето, како клубот успеа да најде пари за негова реализација. Каталонските медиуми ја објавија точната сума која ќе траба да ја плати Барселона, 55.000.000 плус 10.000.000 евра доколку бидат реализирани одредени клаузули од договорот.

Одговорот е дека Гвардиола му направи голема услуга на својот поранешен клуб. Најпрвин што го пушти фудбалерот во Барселона, а потоа и со „попустот“ што му го овозможи.

„Феран Торес е блиску до потпис со Барселона. Остана уште трансферот да биде официјално потврден. Јас не се противам тој да замине во јануари. Сакам играчите да бидат среќни. Не сме клуб што ќе ги натера играчите со сила да останат. Нашиот претседател не го прави тоа“, рекол Гвардиола.

Колегите од Каталонија дојдоа до прецизните бројки од овој трансфер. Најважното е што Барса сега нема да плати ништо, туку првата рата ќе ја уплати во јануари. Сумата од овој трансфер Барселона ќе ја исплаќа на рати до 2025 година.

По завршувањето на сезоната, Барселона ќе ја уплати првата рата во износ од 13.750.000 евра. Еднакви рати клубот ќе исплаќа до 2025 година.

Барселона добро помина и со клаузулите за бонус, кои не се толку лесно остварливи. Во договорот ќе стојат четири клаузули.

1. Ако Барселона ја освои ЛШ, а Торес одигра 70 отсто од натпреварите (минимум по 45 минути).

2. Ако Торес ја освои Златната топка.

3. Ако Торес ја освои Златната копачка.

4. Доколку Барселона го продаде за најмалку 100.000.000 евра.

Сити дури нема да ги добијат сите 55.000.000 евра. Од оваа сума 5.500.000 евра ќе завршат во поранешниот клуб на Торес, Валенсија.

Scroll to Top