Новогодишната турнеја, Четири скокалници и оваа година ќе се одржи без присуство на публика. Организаторите на австрискиот дел од турнејата, потврдија дека нема да има публика. Две недели претходно иста одлука донесоа и Германците.
Турнејата, оваа година прославува јубилеј, 70 години од првото издание. Четирите скокалници ќе се одржат во периодот од 26.декември 2021 до 6.јануари 2022 година.
Најдобрите ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Оберсдорф и Гарми-Партенкирхен на 29.декември и 1.јануари, односно во Инсбрук и Бишхофсхофен на 4. и 6.јануари.