ЛА Лејкерс го одиграа последниот натпревар во „Стејплс центар“, арената од Божик ќе го носи името „Crypto.com“. Лејкерси доживеаја катастрофален пораз од Сан Антонио Спарс 110:138.
Леброн Џејмс постигна 36, а Расел Вестбрук 30 поени, меѓутоа ѕвезда на натпреварот беше Кејта Батес-Диоп. Кошаркарот четири сезони игра во НБА лигата, има просек од 4,8 поени по натпревар. Против Лејкерси Диоп постигна 30 поени, од игра не промаши ниту еднаш, од линијата за слободни фрлања промаши два пати.
Диоп имаше 8/8 за два и 3/3 за три поени. Диоп е петтиот играч во век кој постигнал најмалку 30 поени со 100 отсто реализација од игра. Пред него тоа го направија Двајт Хауард во 2010 година, односно Никола Јокиќ, Домантас Сабонис и Томас Брајант во 2018 година.
Против Лејкерси, пред Диоп, само двајца одиграле меч со 100-процентна реализација, тоа се легендарните Вилт Че,брлен и Карл Мелоун.