Најбогатиот фудбалер во светот, репрезентативецот на Брунеи, Фаик Болкиан (22), кариерата ќе ја продолжи во Тајван. Болкиан пред неколку дена го раскина договорот со Мартимо. Во Португалија мина 15 месеци, без да дебитира за првиот тим.
Болкиан во иднина ќе го носи дресот на Чонбури ФЦ, клуб кој се натпреварува во Првата лига на Тајван.
Фудбалската кариера, Болкиан, започна да ја гради во Англија. Тој мина низ младинските школи на Челси и Лестер. Првиот професионален договор го потпиша со Лестер во 2016 година, но за „лисиците“ не настапи ниту еднаш во Премиер лигата и покрај тоа што играше редовно за Б-тимот.
Фаик Болкиан е внук на султанот од Брунеи, Хасанала Болкиан.
Не е Меси, ниту Роналдо! Запознајте го Фаик Болкијах, најбогатиот фудбалер на светот