Манчестер јунајтед и Јувентус ќе водат битка за потписот на фудбалерот, на Олимпик Марсеј, Бубакар Камара. 22-годишниот фудбалер нема намера да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната.
Ралф Рангник, новиот менаџер на Манчестр јунајтед, го означил Камара како идеално засилување за неговиот тим. Трансферот се чинеше дека е извесен, меѓутоа во трката се вклучи и Јувентус.
Челниците на Марсеј нема да се противат на продажбата доколку во клубот пристигне „интересна понуда“.
Камара е дефанзивен играч од редот за врска, но без проблем може да игра и како централен дефанзивец.