Top Sport

Тотенхем ќе се обидат да го донесат Шкриниар

Антонио Конте има намера да ја засили последната линија на Тотенхем. Не е тајна дека прв избор на Конте е Словакот од Интер, Милан Шкриниар. Конте смета дека Шкриниар е идеален дефанзивец за неговата формација со тројца во последната линија.

Шкриниар, се поврзуваше со трансфер во Тотенхем и во 2020 година, но тогаш токму Конте стави вето на трансферот.

Се шпекулира дека Интер за дефанзивецот бара 50.000.000 евра (42.500.000 фунти).

„Калчомеркато“, пишува дека Конте ќе достави понуда, веднаш по отворањето на зимскиот преоден рок. Според овој извор, Тотенхем, лицитацијата ќе ја започне со сума од 30.000.000 евра.

Scroll to Top