Top Sport

Најскапиот трансфер во во Хрватска – Динамо им го зема најдобриот играч на Осијек!

Во еден од најголемите трансфери во Хрватска, најдобриот фудбалер на Осијек, Петар Бочкај замина во директниот ривал за титулата Динамо Загреб, зделка која ги налути навивачите на Осијек кои ја нападнаа управата на клубот.

Динамо платил речиси 3 милиони евра за трансферот, јавуваат „Спортске новости“, откако Бочај имаше гол и 6 асистенции оваа сезона, привлекувајќи враќање во Динамо – тој е роден загрепчанец и дел од младинската школа на клубот, пред да игра за Максимир и за Осијек.

Трансферот се случува кога борбата за титулата во хрватската лига е најнеизвесна во последните неколку години – Динамо, Осијек и Ријека се израмнети со по 40 поени, додека четврт е Хајдук со 35 поени.

Scroll to Top