Top Sport

Најслабоплатениот фудбалер на Тотенхем зема 1.25 милиони фунти годишно!

21-годишниот Оливер Скип бргу стана фаворит меѓу фановите на Тотенхем, но младинскиот англиски репрезентативец може да се „пофали“ дека е најслабоплатениот фудбалер на богатиот лондонски клуб.

Претходниот менаџер Нуно Еспирито Санто го врати Скип во составот, откако лани беше избран во идеалниот тим во втората лига (Чемпионшип), помагајќи Норич да влезе во Премиерлигата. И Антонио Конте му верува на Скип, кој го зазеде местото на Танги Ндомбеле и во средината на теренот има партнерство со Пјер-Емил Хојбјерг.

Тој доби четиригодишен професионален договор минатата година и заработува 25.000 фунти, најниската плата во клубот, што значи дека годишно на сметка му доаѓаат 1.25 милиони фунти, што не е скромна сума.

Scroll to Top