Top Sport

Вест хем го враќаат Јанузај во Премиерлигата?

Поранешниот талент на Манчестер јунајтед, а сега подолго време фудбалер на Реал Сосиедад може да направи камбек во англискиот фудбал со тимот на Вест хем, иако и Барселона е заинтересирана, тврди „Калчомеркато“.

Роден и израснат во Брисел, Јанузај ја почна кариерата со Андерлехт, пред Јунајтед да го купат на само 16 години во 2011 година, а две години подоцна тој дебитираше за Дејвид Мојс, најавен како огромен талент, но на крајот не доби шанса и беше пратен на позајмица во Борусија Дортмунд и Сандерленд, пред да замине во Сосиедад во јули 2017 година.

Scroll to Top