Top Sport

Де Јонг нема намера да се сели во Кадиз

Барселона нема така лесно да се ослободи од Лук Де Јонг. Напаѓачот одбил да се пресели во Кадиз.

Вчера, во Шпанија се појави информацијата дека Барселона, Севилја и Кадиз се договориле Де Јонг, во зимскиот преоден рок да се пресели во претпоследниот тим на табелата.

Она што го договориле клубовите го одбил холандскиот напаѓач. Де Јонг смета дека заслужува да игра во подобар клуб.

Тренерот на Барселона Чави го отпиша Де Јонг. На клубот му се потребни пари за платата на Феран Торес. Севилја неговиот матичен клуб не го сака назад. На Кадиз им е потребен напаѓач, но Де Јонг не сака да оди таму.

Scroll to Top