Top Sport

Бикерстаф го продолжи договорот со Кливленд

Кливленд Кавалирс го продолжија договорот со тренерот Џеј Би Бикерстаф. Новиот договор има важност до крајот на сезоната 2026/27.

Бикерстаф, поранешен асистент во Хјустон и Минесота, минатата сеозна ги презеде Кавалирс. Минатата сезона беа далеку од пласманот во плеј-офот, меѓутоа од почетокот на новата сезона Кливленд играат во одлична форма.

Во моментов се наоѓаат на петтото место во Источната конференција. Кавалирс имаат скор од 19 победи и 13 порази.

Според стручњаците, Кливленд се најголемото изненадување во досегашниот дел од НБА сезоната.

Scroll to Top